Патот во должина од 26 километри комплетно ке биде завршен до септември, најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.Тој денеска заедно со директорот на ЈП за Државни патишта извршија увид во изградба на овој патен правец кој е од огромно значење за граѓаните од Источниот регион.
-Денеска сме тука за да извршиме увид како тече израдбата на екпресниот пат. Моментално се врши асфалтирање на делови од третата фаза која е со должина од 10 километри. До сега се реализирани 85 % од градежните работи. Претходно ги завршивме двете фази и со оваа динамика на изградба очекувам патот да биде завршен до месец септември оваа година, изјави Мисајловски.
Вкупната инвестиција за изградбата на експресниот пат е 14,6 милиони евра. Патот се градеше во три фази од кои двете се комплетно завршени.
-Исто така во овој дел од Македонија ќе започнеме со изградба на уште три експресни патишта. Со нивната изградба граѓаните ќе добијат квалитетна патна мрежа која ќе придонесе за побрз и побезбеден сообраќај, како и економски развој на Источниот регион, изјави министерот Мисајловски
-Повеќе од 40-тина години не се инвестирало во овој регион, привршуваме со изградбата на овој експресен пат, ќе се постави комплетно нова сигнализација, банкини, а на некои места патот ќе биде осветлен, изјави Александар Стојанов, директор на ЈП за Државни патишта.
Моментално активно се работи и на изградба на автопатотот Миладиновци – Штип кој е со должина од 47 километри. До сега се реализирани вкупно 36 % од градежните работи. Пробиени се 93 % од трасата и моментално се работи на земјени работи, а поставен е прв слој асфалт во дожина од околу 8,5 километри.Тој денеска заедно со директорот на ЈП за Државни патишта извршија увид во изградба на овој патен правец кој е од огромно значење за граѓаните од И