Fitch на ЕУ и го потврди рејтингот ААА

Бонитетната агенција Fitch во вторникот доцна навечер, според вообичаениот тајминг на објавување, го потврди за Европската унија највисокиот кредитен рејтинг од ААА, со стабилна перспектива.Агенцијата Fitch во образложението на својата одлука ја наведе „силната поддршка“ којашто Европската унија го добива од своите 27 земји членки, меѓу кои девет го имаат највисокиот кредитен рејтинг „ААА“.Изгледите се дека рејтингот на Европската унија ќе остане стабилен, имајќи предвид дека Fitch претпоставува дека таквиот тренд на поддршка ќе продолжи.Таа ситуација, меѓутоа, би можела да се промени, доколку агенцијата забележи слабеење на финансиските сили на големите земји од Европската унија со рејтингот „ААА“, како што се Франција, Германија и Велика Британија или, пак, доколку нивната поддршка за Унијата почне да ослабува.
MакфаксБонитетната агенција Fitch во вторникот доцна навечер, според вообичаениот тајминг на објавување, го потврди за

Пронајдете не на следниве мрежи: