ФК Вардар донесе нови засилувања во своите редови

Најтрофејниот фудбалски клуб Вардар, ги промовираше новите засилувања Дејан Блажевски и Стефан Спировски.Тие, заедно со Томе Пачовски, како и уште неколку најавени квалитетни фудбалски имиња, треба да го надополнат квалитетниот тим на Вардар кој чекори кон нова титула.
Блажевски се врати во матичниот клуб по цели осум години.
„Точно е дека имав понуда од Шкендија, но таа што ја добив од Вардар не се одбиваше. Тој е мој матичен клуб, најголем во државата и јас немав никакви дилеми кога станува збор за изборот. Секој играч посакува да игра во Вардар и јас затоа посакував да се вратам и да заиграм во неговиот дрес“, изјави тој за официјалниот сајт на Вардар.

По повеќе годии поминати во фудбалските првенства на Балканот, 24-годишниот Стефан Спировски пристигна во редовите на Вардар.
„Да бидам искрен, конкретна понуда добив само од Вардар, кога станува збор за Македонија, иако прочитав во медиумите информација која вели дека и Пелистер подготвил понуда за мене. Од Битола никој не ме контактираше. Се одлучив за Вардар, не само затоа што единствен беше конкретен во преговори со мене, туку и затоа што за мене лично е добар чекор напред“, вели Спировски.

Репрезентативниот голман Томе Пачовски се договори со Вардар, но неговата официјална промоција се очекува пред стартот на зимските подготовки.
Фото: fkvardar.mkТие, заедно со Томе Пачовски, како и уште неколку најавени квалитетни фудбалски имиња, треба да го надополнат квалитетниот тим на Вардар кој чекори

Пронајдете не на следниве мрежи: