Во текот на вчерашниот ден во болницата Систина во Скопје, нашата фолк пејачка Елена Велевска на свет донесе девојче.
И овој пат, по трет пат Елена се породи со царски рез и сè помина во најдобар ред. Ексклузивно за Естрада Плус таа изјави дека е благодарна за подарокот кој бог и го подарил, а за кој вреди да се живее. „Вербата во Бога и молитвата беа постојано во моите мисли и најпотребното оружје во ваквите моменти на страв. Ова беше прекрасен ден за мене. Јавно ја изразувам мојата благодарност за одлично завршената работа на д-р Снежана Тимчева која би ја нарекла жена Шампион.“
Во текот на вчерашниот ден во болницата Систина во Скопје, нашата фолк пејачка Елена Велевска на свет донесе девојче.






