Се појави конспиративна теорија која тврди дека зад ширењето на вирусот Зика стои фондацијата „Рокфелер“. Истата фондација фрла милиони во 20. век за борба против маларијата во светот.За фондацијата „Рокфелер“ се поврзуваат секакви теории на заговор – една од нив е дека во нејзините лаборатории се чуваат, не само секакви видови комарци кои се дистрибутери на зарази, но и секакви активни опасни вируси.
А односот на „Рокфелер“ со Зика не е само поради инсектите, туку затоа што токму научниците од фондацијата го изолираат за првпат вирусот на Зика во 1947 година. Тој е откриен кај мајмуни кои живеат во шумата Зика во Уганда. Оттаму доаѓа и неговото име.
Со години се шири главно меѓу мајмуните. За прв пат е заразен човек во 1964 година. Во 2007 година е регистриран прва епидемиска експлозија во Микронезија. Во 2013 и 2014 година има уште неколку епидемиски експлозии, но се ставени под контрола.
Дури во 2015 година вирусот официјално е прогласен за сериозна закана бидејќи почнува да се шири многу брзо. Тоа неочекувано, нелогично и неконтролирано ширење предизвикува бројни теории на заговор.
Сајтот Collective Evolution го манифестира сомнежот дека зад масовното ширење стои токму фондацијата „Рокфелер“. Се тврди дека тие ги имаат ресурсите за да го сторат тоа, бидејќи располагаат со примероци од вирусот, но и со потребните видови комарци. Како доказ се користи фактот дека во истражувачката фондација American Type Culture Collection се чуваат примероци од Зика.
На сајтот на ATCC пишува дека вирусот е патентиран од фондацијата „Рокфелер“ и дури може да се нарача онлајн.
Сепак, тој не може да биде побаран од обичен граѓанин, туку само може да се обезбедат примероци на научници за истражувачки цели и тоа само при строга контрола. Но, фондацијата е обвинувана од многумина кои тврдат дека вирусот е распространет токму во Латинска Америка, каде наследниците на Рокфелер имаат повеќе бизнис потфати, но често се ограничени од тамошната католичка црква.
Дури се тврди дека научниците од фондацијата не само што чуваат примерок од вирусот низ годините, туку и ја усовршиле, па станал многу опасен и лесно се шири.
Постои теорија дека порастот на Зика е спроведен преку геномодифицирани комарци. Вирусот, кој е изолиран за прв пат уште во 1947 година, е непознат за американскиот регион до 2014 година.
Потоа, токму таму избувнува епидемија. Токму поради тоа брзо се шири. Се појавуваат теории дека или се случила некоја грешка, или вирусот намерно е пуштен во регионот благодарение на ГМО комарци.
Обвинета е компанијата за контрола на инсектите, која со години развива ГМО комарци и спроведува експерименти со нив. Според една од теориите, повторно се изведени експерименти, но ситуацијата излегла од контрола.
Според љубителите на заговори, тоа објаснува зошто вирусот продолжува да се шири толку брзо, иако се организираат масовни акции за искоренување на популациите комарци, во кои се вклучија дури бразилските вооружени сили.
Се смета дека ГМО комарците се многу издржливи на секакви инсектициди и тешко можат да бидат уништени. Но, се тврди сепак и спротивното – дека ГМО комарците се начин да се запре ширењето на заразата.
Компанијата за контрола на инсектите тврди дека модифицираните инсекти се создадени така што во гените им е утврдено потомството да не им преживее дури до моментот кога ќе треба да се репродуцираат.
На овој начин ќе се постигне целосна контрола над популацијата на комарците – преносители на вирусот Зика.
Затоа се инсистира за пуштање на уште милиони генетски модифицирани комарци. Сепак, според многумина, тука се кријат ризици од уште помасовно ширење на болеста.За фондацијата „Рокфелер“ се поврзуваат секакви теории на заговор – една од нив е дека во нејзините лаборатории се чуваат, не само сека