Фондот за здравство одобри малата Ели да добие 16 дена лекување во САД

Фондот за здравство одобри малата Ели да остане во болницата во САД уште 16 дена на државна сметка, откако американските доктори препорачаа дека таа по операцијата треба да остане подолго од првично предвидените седум дена.Тоа не значи дека донациите од граѓаните треба да престанат, бидејќи неизвесно е кога Ели поради нејзината здравствена состојба ќе може да излезе од болница.
Потоа, треба да остане во САД минимум шест недели на надгледување, период кој нејзините родители не можат да го издржат финансиски, а ѝ следува уште една, завршна операција, за доживотно да се излечи осумгодишното девојче од болеста која статистички погодува едно од два милиона деца.
Од Фондот за здравство велат дека максимално брзо одговориле на барањето за лекување на девојчето.
Повеќе од 10.000 граѓани ја споделија сторијата за Ели девојчето кое осум години помина во болничките соби.
Судбината на Ели го погоди и малиот Јован кој за да помогне  свиреше гитара на скопскиот плоштад, собирајќи пари за нејзиниот престој во САД.
070/143-111 – само за корисниците на Телеком
077/143-775 – само за корисниците на ВИП
075/143-114 -само за корисниците на  ОНЕ
Сметка за Ели:
– Денарска
300001000024155
Комерцијална банка
Елена Додевска
– ДевизнаDodevska Elena
IBAN: MK07300307063080823
BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
KOMERCIJALNA BANKAТоа не значи дека донациите од граѓаните треба да престанат, бидејќи неизвесно е кога Ели поради нејзината здравствена состојба ќе може да излезе о

Пронајдете не на следниве мрежи: