Форбс: НРА победува во битката за контрола на оружјето

Loading...

Контролата на оружјето во САД е моментално едно од најконтроверзното прашање околу кое се водат жестоки расправи, а во таа битка, како што во моментов изгледа, победува Националното здружение за огнено оружје – NRA, оценува во неделата американскиот магазин Forbes.
„NRA и поборниците на правото за оружјето засега победуваат во оваа битка, а и натаму ќе бидат и натаму во припадност бидејќи противниците на правото на оружјето се раситнети и разединетите“, пишува Forbes за политичката борба започната по масакрот во основното училиште „Сенди Хук“ во гратчето Њутаун кога душевно пореметено 20-годишно момче во декември минатата година уби 20 деца на возраст од шест и седум години и шест возрасни лица.
Се истакнува во написот, меѓутоа, дека ситуацијата би можел да се промени доколку поборниците за построга контрола или забрана за поседување оружје ги збијат своите редови.Уредништвото на Forbes забележува дека на „бојното поле“ е очигледно видливо изостанувањето на републиканците, бидејќи витката всушност се води меѓу демократите на претседателот Барак Обама и Вејн ЛаПјер, челникот на NRA.Во текстот се оценува, исто така, дека станува збор за „маратон, а не за спринт“ и се чини дека во NRA се поиздржливи. Здружението за оружје покажува упорност и непопустливост, и се` повеќе го шири своето влијание. Покрај тоа, пишува Forbes, поборниците за контрола на оружјето во последно време стивнаа, а им недостига и обединетост, или како што сликовито е опишано во текстот има „премногу главни готвачи во кујната“. Додека за поборниците за право на поседување оружје, Forbes, оценува дека имаа „воена координација и ласерска фокусираност“.
 
МакфаксКонтролата на оружјето во САД е моментално едно од најконтроверзното прашање околу кое се водат жестоки расправи, а во таа битка, како што

loading...
Loading...