Во рамките на ноемвриското издание на влијателниот магазин „Форбс“, излезе специјална едиција посветена на Македонија и економските перформанси кои ги поседува нашата земја.Премиерот Никола Груевски, кон крајот на месец септември во рамките на економскиот дел од посетата на Соединетите Американски Држави, оствари посета на корпорацијата Форбс каде што имаше и средба со потпретседателот на корпорацијата, Kристофер Форбс.
На средбата беше потпишан договор помеѓу Република Македонија и магазинот Форбс, еден од најреномираните магазини за бизнис во светот, кој печати околу еден милион копии на годишно ниво. Потпретседателот Кристијан Форбс тогаш даде позитивни оценки за македонските активности за привлекување на странски инвестиции, и изрази позитивни очекувања од претстојната соработка со Република Македонија.
-Форбс има скоро стогодишнo искуство во соработка со бизнис лидери во која меѓу другото советуваме каде да се инвестира. Ние сме среќни што ќе работиме со Македонија и ќе ги промовираме можностите кои ги овозможува Македонија, како што е неверојатно добриот даночен режим, рамниот данок што како стратегии Форбс ги поддржува, како и пријателската бизнис околина која што можеби некои локални светски бизнис лидери не ја познаваат, и ние ќе работиме со македонската Влада за да ја промовираме таа порака, изјави потпретседателот на Форбс по потпишувањето.
„Форбс“ во ноемвриското издание излезе со специјална едиција посветена на Македонија и економските перформанси кои ги поседува нашата земја, правејќи анализа на економијата. Во продолжение во целост го пренесуваме текстот објавен во „Форбс“.
Бисерот на Балканот, Македонија е крстосница на големите светски цивилизации: Античката македонска, римската, византиската и отоманската. Денес, нацијата, која постигна независност во 1991 година, го задржува своето мултикултурно наследство и под водство на премиерот Никола Груевски изгради отворен, про-инвестициски бренд, како бизнис рај во Европа.
Македонија може да се пофали со локација на помалку од 2000 километри оддалеченост од повеќето европски престолнини, исто така е во близина на Северна Африка, Азија и Блискиот Исток, и поседува одлична инфраструктура и исплатлива работна сила.
Како тоа да е недоволно, Македонската про-бизнис Влада ги спроведе мерките за стимулација на инвестициите, договорите за слободна трговија и правните гаранции за да биде уште повеќе профитабилна и конкурентна за потенцијалните инвеститори.
Уставот гарантира непристрасен третман на странските инвеститори, вклучувајќи и 100% сопственост, целосна заштита на правата и без ограничувања во однос на профитот. Странците можат да купат и инвестираат во недвижности. Македонија е членка на Мултилатералната агенција за инвестициони гаранции (МИГА) и има склучено договори за заштита на инвестициите со многу земји во светот.
При отворање на бизнис, едношалтерските и онлајн системи, овозможуваат регистрирање на компанија за само четири часа. Модерните закони за работни односи придонесуваат за флексибилно работно место, а издатоците и оперативните трошоци се пониски од оние на соседните земји. Инвеститорите имаат максимална корист од рамниот 10% данок на добивка и персоналниот данок на доход.
Извештајот на Светската банка за “Doing Business 2013″ ја вброи Македонија меѓу првите пет најголеми реформатори во светот, а Форбс ја оцени како 37ма на својата листа на “Најдобри земји за бизнис” минатата година, 45 места повисоко отколку во 2007 година. Со можности проширување на производството, слободни економски зони, недвижности, туризам, земјоделството и многу другите сектори, сега е вистинското време да се инвестира во Македонија.
Стратешки цели
По реизборот на Премиерот Никола Груевски во јуни 2011 година за неговиот трет мандат, неговата Влада ја претстави својата програма до 2015 година, кој се фокусира на пет стратешки цели: зголемување на економскиот раст и вработување за да се подобри квалитетот на животот на граѓаните; интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО; судски реформи и владеење на правото; одржување интер-етничката стабилност и односи и инвестирање во образованието, науката и информатиката, за развој на општество базирано на знаење.
Во првата декада по осамостојувањето, македонската економија почна да се придвижува, и покрај бројните надворешни и внатрешни предизвици. До 2006 година, земјата застана на нозе и постигна солиден 5% годишен раст на БДП, иако ефектите од глобалната финансиска криза беа почувствувани во 2009 година.
По опоравувањето и забележаниот пораст на БДП од 2,8% во 2011 година, економијата достигна вкупна вредност од речиси 10 милијарди долари до крајот на таа година. Првата половина на 2013 донесе уште една добри вести, со пораст на БДП од 2,8%, над проекциите на Владата.
Со население од нешто повеќе од 2 милиони, од кои четвртина живеат во главниот град, Скопје, Македонија може би е скромно димензионирана, но нејзините глобални амбиции дефинитивно не се. ЕУ и додели кандидатски статус на Македонија во 2005 година, а сите критериуми за членство во НАТО ги исполни во 2008 година.
Иако спорот со Грција околу употребата на името сè уште претставува бариера, Македонија неодамна доби пофалби од ЕУ за нејзината демократија, правен систем и економија, и останува на вистинскиот пат за интеграција во двете организации.
Прашања и одговори ( Q & M )
Премиерот Никола Груевски
Никола Груевски студирал економија пред да стане првиот брокер на Македонската берза. Како Министер за трговија и Министер за Финансии ја насочи економската дерегулација, воведе данок на додадена вредност и рамен данок. Ги освои првите избори во 2006 година и беше повторно избран во 2008 година и 2011 година. Тој неодамна зборуваше за Македонскиот имиџ, стимулацијата на инвестициите и плановите за интеграција.
Каква е сликата за вашата земја која сакате да ја прикажете?
Влада која е отворена за комуникација, а во однос бизнисите преставува доверлив партнер за реализација на заеднички проекти што ќе придонесе за економскиот напредок на земјата и граѓаните. Во овој поглед, Владата, спроведува активни мерки и проекти и постепено ја менува слика за македонската економија. Денес, бизнисите во земјата укажуваат на јасната разлика меѓу минатото и сегашноста.
Во извештајот на Светската банка “Doing Business 2013 ” Македонија се рангираше на повисоко место од 21 од 28 земји-членки на ЕУ, а PricewaterhouseCoopers, во својот извештај “Плаќање Даноци 2013 ” ја стави на Македонија на 24-тото место како земја која има “најпријателски” однос кон данокот споредена со земјите во светот. Економијата беше и ќе остане нашиот најголем приоритет.
Какви идеи вклучува уникатната продажба во Македонија?
Нашите производи и услуги може да биде извезуваат без царина во Европа. На прв поглед, ние сме мал пазар. Со оглед на нашите договори за слободна трговија со ЕУ и со повеќето европските земји, ние имаме многу интересна приказна. Македонија се карактеризира со: најниски вкупни трошоци на водење бизниси, квалификувана и достапна работната сила по многу конкурентни цени, добра инфраструктура и поврзување во рок од помалку од 3 дена возење до било кое место во Европа, специјално дизајнирани слободни економски зони со целосно развиена инфраструктура и одлични шеми за стомулирање, вклучувајќи ги и ослободувањата од 10 – годишен личен данок на доход и корпоративен данок, како и грантови за создавање на работни места и обука.
Кои други предности ги нуди Македонија?
Едно лице кое ќе инвестира над 400.000 евра (околу $ 535,000) и ќе вработи најмалку 10 лица има право на Македонско државјанство. Лице кое ќе инвестира повеќе од 40.000 евра во недвижен имот (околу $ 53.500) може да добие престој во државата. Ова можеби не е релевантно за инвеститорите од САД или Западна Европа, но тоа би можело да биде многу значајно за инвеститорите од новите економии.
Во кои области се насочени инвестиции и кои стимуланси се нудат?
Општо производство, автомото индустријата, преработката на храна, рударство, ИКТ и туризмот се некои од областите кон кои сме насочени и кои се предност пред нашата конкуренција. Меѓутоа, инвестициите во сите сектори ќе се разгледаат кога потенцијалните инвеститори ќе покажат интерес. Драстично ги намаливме административните и регулаторните оптоварувања за водење бизнис и ги рационализиравме прописите. Воведовме едношалтерски системи во Царинската и Даночната управа, Катастарот и дополнително, ја поедноставивме постапка за добивање на градежни и оперативни дозволи. Владата, исто така воведе субвенции за туроператорите и активно промовирање на земјата како туристичка дестинација, што резултираше со зголемување од над 13 % на бројката на влезниот туризам во последните две години.
еби е скромно димензионирана, но нејзините глобални амбиции дефинитивно не се. ЕУ и додели кандидатски статус на Македонија во 2005 година, а сите критериуми за членство во НАТО ги исполни во 2008 година.
Иако спорот со Грција околу употребата на името сè уште претставува бариера, Македонија неодамна доби пофалби од ЕУ за нејзината демократија, правен систем и економија, и останува на вистинскиот пат за интеграција во двете организации.
Извор: lider.mkПремиерот Никола Груевски, кон крајот на месец септември во рамките на економскиот дел од посетата на Соединетите Американски Држави, оствари посет