Формула 1 веќе 20 години без Аиртон Сена

Бразилецот Аиртон Сена е последниот Ф1 пилот кој загинал на патеките во Формула 1 натпреварувањето. Ден претходно животот го загуби австриецот Роналд Раценбергер. 
Роден е како Аиртон да Силва, го зема мајчинското женско презиме Сена бидејќи Да Силва е премногу невообичаено. Велеше дека сака да биде нешто посебно, беше и голем хуманитарец.
 
На погребот на Аиртон Сена присуствуваа повеќе од три милиони луѓе, неговото вечно почивалиште годишно го посетуваат голем број негови фанови.
 
Најдобриот круг во кариерата го имаше во Динингтоун во 1993-тата година, секако, на дожт.
 
Ги престигна Шумахер, Вендлингер, Хил и Прост…
 
Како дете бил очаен по дожд, па чекал да се тргнат облаците и тренирал со часови додека не се усовршил. Механичарите го мразеле, го избегнувале бидејќи едноставно не можеле да издржат толку многу работа.
 
На Ф1 патеките беше бескрупулозен и немилосрден, знаеше да го оттурне Алан Прост за да го освои трофејот, но Сена беше и голем хуманитарец.
 
Дури откако загина на Ф1 патеката за Големата Награда на Сан Марино, на легендарната патека во Имола, се дозна за неговото хуманитарно дело, Сена бил дел од големи добротворни акции, донирал повеќе од стотина милиони долари.
 
Во текот на квалификациите за Големата Награда на Белгија во 1992-рата година му го спаси животот на французинот Ерик Комаш. Застана со болидот покрај патеката и го придржи Комаш се до пристигањето на лекарскиот тим.
 
Најдобар на сите времиња? Да, Шумахер потврдува, истото го направиле Хакинен, Лауда, Алонсо…
 
Загина во завојот „Тамбурело“ во 1994-тата година…
 
Поради дефект на управувачкиот механизам, Аиртон Сена со 250 километри на час удри во оградата од патеката во Имола, животот го загуби на 34-годишна возраст.
Извор: Спорт365
 
  
Роден е како Аиртон да Силва, го зема мајчинското женско презиме Сена бидејќи Да Силва е премногу невообичаено. Велеше дека сака да

Пронајдете не на следниве мрежи: