Фото: 16 месеци изгубен лутал на Тихиот океан – Погледнете на кој начин успеал да преживее

Мексиканецот Хозе Салвадор Албаренго (34) го доживеал бродоломот на животот…Мексиканецот Хозе Салвадор Албаренго (34) го доживеал бродоломот на животот, а по 16 месечно лутање на мал брод на Тихиот океан, бил пронајден на изолираниот гребен Ебон.
Изгубениот Мексиканец преживеал цели шеснаесет месеци изгубен на Тихиот океан, а својата приказна сега конечно може да му ја раскаже на светот.
Хозе, заедно со Хикел -момче на возраст од 15 до 18 години, се качил на бродот од Мексико кон Ел Салвадор во септември 2012 година. За жал, момчето починало, а тој едвај преживувал.
Годинава на 30- ти јануари, Хозе Иван стигнал  на гребенот Ебон, од каде со брод бил префрлен во Мајуро на островот Маршал. По 22 часа пат со брод, Абаренго од бродот се симнал со сопствени сили.

Тој на спасувачите првобитно им се претставил како Хозе Иван,а  подоцна на американскиот амбасадор Томас Армбустер му го кажал своето цело име и презиме, Хозе Салвадор Албаренго. Армустер му послужил како преведувач.
“Рече дека е рибар кој лови ракови и ајкули”, вели Армбустер за AFP. Албаренго со својот брод тргнал на лов на ајкули, а кратко потоа бил одвеан од ветерот на сред океан.
Момчето кое било со него починало кратко откако се изгубиле, бидејќи не сакало да јаде живо месо. Албаренго вели дека преживувал јадејќи желки, птици и риби, а пиел дожд и крв од желките.Мексиканецот Хозе Салвадор Албаренго (34) го доживеал бродоломот на животот, а по 16 месечно лутање на мал брод на Тихиот океан, бил пронајден на и

Пронајдете не на следниве мрежи: