Фото: 7 – годишно момче прати писмо до НАСА

Седумгодишниот Британец Декстер Волтерс, кога ќе порасне има желба да биде астронаут. Неговиот сон е пат кон Марс, но во еден правец.
Мислата го водеше ова мало момче, па поради тоа одлучил да ја праша НАСА, како се станува астронаут.
– Слушнав дека испраќате двајца луѓе на Марс и би сакал да им се придружам, но имам седум години, па не можам. Сепак, сакам тоа да го сторам во иднина. Што треба да направам за да станам астронаут, праша ги момчето експертите од НАСА. Оттаму, набрзо пристигна одговор, исто така во облик на писмо.

– Ние од НАСА сакаме да знаеш дека твоите мисли и идеи се исклучително важни за идните вселенски истражувања и се надеваме дека ќе продолжиш да ги проучуваш нашите вселенски програми, мисии и достигнувања. Само замисли – за неколку години и ти можеш да бидеш еден од пионерите кој ќе ни помогне во подоброто разбирање на нашата планета и истражување на вселената, му одговорија од НАСА на седумгодишниот Декстер Волтерс, иден астронаут.Седумгодишниот Британец Декстер Волтерс, кога ќе порасне има желба да биде астронаут. Неговиот сон е пат кон Марс, но

Пронајдете не на следниве мрежи: