Фото: 9-те најлуди нешта, кое морето ги исфрлило на површина!

Непредвидлите морски струи понекогаш не изненадуваат сите. На плажите, кои се на отворено море и океани, може да се најде сешто – од надгробни споменици до љубовни писма од Втората светска војна.Повеќе од илјада  чевли и патики
Островот Тершелинг на северот на Холандија, благодарение на морските струи, е идеална за ѓубрето, што морето го исфрла. По 2006 година, кога на еден товарен број му испаднаа неколку контејнери со роба во водата, на плажата се појавија над илјада чевли и патики. Локалното население побрза да побара убав пар обувки и со тоа да си се подноват.
Љубовни писма од Втората светка војна
Мали делови од историјата испливаа на брегот на Њу Џерси, недолго по опустошувањето на ураганот Сенди. Пронајдените писма ги напишача Дороти Фелон за својот иден маж Лин Фарам, во периодот меѓу 1942 и 1948 година.
Огромно очно јаболко
Маж од Флорида пронајде очно јаболко, со големина на топка за бејзбол, па одигра фудбал со неа на плажата Помпано, пред да ја стави во својот фрижидер. На крајот, се откри дека очното јаболко припаѓало на една сабјарка.
Надгробни споменици
На една плажа во Сан Франциско, пред 2 години испливаа неколку надгробни споменици.

Виски старо 100 години
Откако бродот „Стјуарт“ заринка во 1904 година на полуостровот Лин, на северот од Велс, од него испаднаа стотици шишиња со виски. Локалното население ја искористи оваа прилика, а стотина години подоцна, шишиња сеуште можат да се најдат.
Глава од крокодил
Одсечена глава од голем крокодил испливала на брегот на Јужна Африка, минатата година. Фотографиите станаа главен хит по социјалните мрежи, а никогаш не се дозна од каде е и како допливала главата.
Кокаин во вредност од 70 милиони долари
Ако ја прашате полицијата, на плажите неретко може да се најдат разни количини дрога, но запленувањето во Јапонија е веројатно најголемото досега. Шест големи пакувања, од кои секое содржело по 78 килограми кокаин, испливале на плажа крај Токио.
И-ти (E.T.)
Модел од популарниот филм за вонземјанинот „И-ти“, откриен беше во природна големина, крај британскиот Олд Портсмут. Многу брзо е пронајдена и сопственичката – 76- годишната Маргарет Велс, чија кукла била украдена.
Мотор Харли Дејвидсон
Локалното население на плажата на островот Греем, на западот од Канада, пронајде Харли Дејвидсон, во голем бел контејнер. Моторот му припаѓал на Јапонецот Ику Јокојами, а завршил 6 500 километри далеку од неговата куќа, по цунамито, што во 2011 година ја зафати Јапонија. Харлито во морето било околу година дена. Откако го извадиле, моторот бил во лоша и зарѓана состојба, па сопственикот не го сакал назад, туку го поклонил во музеј, како сеќавање на 15-те илјади загинати лица во цунамито. Повеќе од илјада  чевли и патики
Островот Тершелинг на северот на Холандија, благодарение на морските струи, е идеалн

Пронајдете не на следниве мрежи: