Припадниците на полкот за специјални операции пред министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменик началникот на генерал штабот на АРМ, Насер Сејдини, во Бунец (Маврово), ја покажаа подготвеноста при спасување и справување со терористи во зимски услови, пренесува МИА.Армиските специјалци преку две методиско-огледни вежби, спасување и пребарување на затрупани лица во лавина и соочување со деверзантско-терористичка група ги демонстрираа стекнати знаења и вештини при редовните зимски обуки.
– Изминативе два месеца, припадниците на полкот се на обуки во Маврово и стекнуваат вештини за борбени операции во најсложени услови. Покрај тоа ги усовршуваат и техниките за ракување со опремата која е намената за пребарување затрупани лица од снежни наноси и лавини и операции во зимски услови, изјвави бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, командант на полкот за специјални операции.
Министерот Јолевски по вежбите ги посети и војниците кои изведуваа обуки за скијање на падините на Бистра. Тој имаше разговори со припадниците на полкот при што одблизу се запозна со условите во кои тие делуваат.
Показните вежби се дел од активностите за одбележување на 21 година од формирањето на полкот за специјални операции во рамки на АРМ.
Армиските специјалци преку две методиско-огледни вежби, спасување и пребарување на затрупани лица во лавина и соочување со деверзантско-терористичк