Фото: Атрактивната Ина ја разгоре атмосферата во Прилеп

Во Македонија пристигна една од најатрактивните романски пејачки во светот.
Елена Александра Апостолеани, на светот позната како Ина, настапи на втората вечер од прилепскиот Пиво фест. Беше доволно само да се појави на сцената за публиката да се загрее и громогласно да ја поздрави.
Енергична и сексапилна, Ина на сцената направи вистински спектакл. Позитивните зборови за Македонија и нашиот народ, ја доведоа публиката до кулминација.
Пред да стане пејачка, Ина била танчерка, а се уште се занимава со таа професија. Тоа се покажа како вистинска комбинација за бомбастичен настап на сцената во Прилеп.
26-годишната Ина беше најавена како една од најголемите ѕвезди кои ќе настапат на Пиво фест, а нејзиниот вечерашен настап покажа дека ниту еден комплимент не е доволен да ја опише неа.
Погледнете ја галеријата на ТЗМ.МКВо Македонија пристигна една од најатрактивните романски пејачки во светот.
Елена Александра Апостолеани, на светот познат

Пронајдете не на следниве мрежи: