ФОТО: Човекот кој жестоко го навредуваше еврокомесарот Хан е под контрола на Спасовски

СДСМ заедно со медиумите кои се под нејзина контрола и таканаречените интелектуалци блиски до нив кои се финансирани од Соросовата фондација во земјава, со неконзистентни и манипулативни напади удрија против Уставниот суд и неговата одлука да се оценува уставноста на Законот за помилување.На протестите покрај дежурните соросови демонстранти може да се забележи и довчерашниот прв човек на Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ), Владимир Милчин.
Сепак, доколку подобро се погледне оваа фотографија, на истата покрај Милчин може да се забележи и Тони Димитриевски, вработен во Секторот за односи со јавност при МВР, односно советник на сдсмовскиот министер Оливер Спасовски. Димитриевски е малку поназад на фотографијата, лево од Милчин.
На социјалните мрежи веќе се коментира дека токму Димитриевски е човекот преку кој Спасовски ги контролира протестите насочени против Уставниот суд, кој е столб на државноста, а СДСМ цели да го обои политички во контекст на нивното сценарио за рушење на столбовите на суверенитетот. Токму поради ова, се наметнува и прашањето дали сака СДСМ преку Оливер Спасовски да реализира државен удар, со помош на СОРОС?
Инаку, медиумите во неколку наврати досега пишуваа за испадите на Димитриевски. По посетата на еврокомесарот Јоханес Хан во јануари, советникот на Спасовски својот гнев го истури на социјалните мрежи, каде не штедеше пцовки.

-Демарш до Европската комисија: Носете се у три пи*ке материне на чело со Јоханес Хан, напиша Димитриевски.
Покрај ова, Димитриевски упати и жестоки навреди кон Хан, нарекувајќи го еврокомесарот „европејско го**о“.
Медиумите пред извесно време пишуваа дека тој е еден од малкумината што прифатиле да ги извршуваат нарачките на Спасовски во замена за ветување за унапредување. Вработениот во Секторот за односи со јавност отворено удри по медиумите.
На протестите покрај дежурните соросови демонстранти може да се забележи и довчерашниот прв човек на Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФОО

Пронајдете не на следниве мрежи: