Фото: Додека го фотографирала синот, се појавила страшна ајкула во позадина

Огромна бела ајкула била снимена како демне двајца сурфери на Менхетн бич во Калифорнија, пишува Дејли мејл.Мајка, која побарала да остане анонимна, си го фотографирала 12-годишниот син, кој со пријател чекал да „фати“ бран за сурфање, а силуетата на ајкулата се појавила во прекршениот бран.
„Беше прилично шокантна глетка“, изјавила мајка.
„Многу локални сурфери и спасувачи ја погледнаа фотографијата и веруваат дека е ајкула. Нормално, на децата им кажав дека е делфин, поради тоа што тука живееме и пливаме речиси секој ден“.
Се повеќе ајкули се забележуваат во близина на калифорниските плажи во последно време.
Локалниот жител Џеј Донер слушнал за ајкулите и влегол во морето опремен со видео камера, и успеал да сними три големи бели ајкули во близина на плажата.
„Ајкулите воопшто не ми обрнуваа внимание. Тие изгледаа како да бараат риби, и јас можев мирно да стојам од страна и да ги набљудувам“, изјавил тој за Лос Анџелес тајмс.

Мајка, која побарала да остане анонимна, си го фотографирала 12-годишниот син, кој со пријател чекал да „фати“ бран за сурфање, а силуе

Пронајдете не на следниве мрежи: