ФОТО: Го оштетија ли судиите МЗТ на мечот со Кожув?

Дали МЗТ СКопје беше оштетен во полуфиналето од кошаркарскиот Куп на Македонија, откако “штрковите“ во неизвесна завршница беа поразени од Кожув со 75:74 и не успеаа да се пласираат во финалето.Го оштетија ли судиите шампионот МЗТ Скопје со признавањето на спорниот кош на Кожув на 56 секунди до крајот на мечот, е прашањето кое навивачите на “металците“ го поставуваат, притоа проложувајќи ја оваа фотографија на која убаво се гледа дека кошот на гевгеличани на неполна минута до крајот на натпреварот не е регуларен.
Кошаркарот на Кожув, според оваа фотографија, ја нема исфрлено топката по истекот на нападот, но кошот сепак беше признат, што на крајот се покажа како еден од клучните за триумфот на Кожув.  Во самиот финиш, Александар Цветковиќ реализираше две слободни фрлања на 19 секунди до крајот, а во последниот напад на Кожув, Миладин Пековиќ погоди тројка на една секунда до крајот на мечот и го однесе својот тим во финалето.
Останува дилемата дали судиите го оштетија МЗТ со признавањето на спорниот кош по истекот на нападот, со што на МЗТ му беше одмогнато да се пласира во финалето и да се судри со ривалот Работнички во борбата за трофејот?

Ниту вториот полуфинален меч меѓу Работнички и Куманово не помина без контраверзии. На овој меч, во центарот на вниманието беше Тодор Гечевски, кој со неспортски потег во финишот од првата четвртина со удар со лакот во лицето буквално го патосира центарот на кумановци, Александар Штерјов. Дополнително, КФМ не се одлучи да го казни ветеранот за овој крајно неспортски и срамен потег и му воозможи настап во финалето каде тимот од Градски парк го совлада Кожуф.
Пропозициите се многу јасни за намерен удар со лакт, но Работнички и Гечевски беа поштедени од судиите и КФМ, кои очигледно не сакаа да го казнат овој неспортски потег на Гечевски. Го оштетија ли судиите шампионот МЗТ Скопје со признавањето на спорниот кош на Кожув на 56 секунди до крајот на мечот, е прашањето кое навивачите н

Пронајдете не на следниве мрежи: