Фото и Видео:Неразделни браќа, приказна за двајца сијамски близнаци!

Сијамските близнаци Шиванат и Шиврам, кои имаат 12 години, велат дека иако операцијата за нивно одвојување е можна, тие никогаш не сакаат да се разделат
 Момчињата од Индија не сакаат да бидат раздвоени, бидејќи тоа би значело дека едниот од нив после операцијата би бил во инвалидска количка.
Шиванат и Шиврам, кои имаат по 12 години, научиле како да се грижат за себе, можат да возат специјален трицикл, играат крикет и се добри ученици.
Сијамските близнаци од Индија, Шиванат и Шиврам , се момчињата кои се споени со долниот дел од телото, односно од половината надоле. Овие момчиња не сакаат да бидат раздвоени иако лекарите велат дека таквата операција би била возможна.
Сепак, после раздвојувањето едниот од момињата би имал нормален живот додека другиот би останал закован за креветот, односно инвалидската количка.
Поради тоа што делат еден пар на нозе, на момчињата им е отежнато движењето. Сепак, тие научиле сами да се грижат за себе. Се облекуваат, купуваат потребни производи и можат да се движат односно да се искачуваат и симнуваат по скалила.
Момчињата дури можат да возат и трицикл кој е специјално дизајниран за нив, а често играат и крикет кој е многу популарен спорт во Индија.

 
Нивниот татко, Раџ Кумар (45), кој покрај нив има уште пет ќерки, вели дека на останатите луѓе од селото им е забавно да ги гледаат неговите синови, но дека само тој знае какви се проблемите со кои момчињата се соочуваат. 
Момчињата од Индија не сакаат да бидат раздвоени, бидејќи тоа би значело дека едниот од нив после операцијата би бил во инвалидска количка.

Пронајдете не на следниве мрежи: