Изградбата на новиот блок на градинката во Ресен се одвива со полна пареа.Градежно-изведбените работи за изградба на новиот блок на Детската Градинка „11 Септември” во Ресен се одвиваат со несмалено темпо. По завршувањето на фазата-карабина, деновиве екипи на фирмата изведувач „Тане 2017” од Охрид ги интезивираа работите на поставување градежна столарија на објектот, фасадирање и изведба на градежно-занатски работи во внатрешноста на објектот.
Увид во текот на изведбените работи на новиот блок на Детската градинка изврши градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски, изразувајќи задоволство од динамиката со која се одвиваат работите:
-Со задоволство можам да констатирам дека градбата на новиот блок на ЈОУДГ ,,11 Септември”-Ресен по завршувањето на фазата карабина, се одвиваат со несмалено темпо. Во моментов се работи на поставување на подните површини, изградбата на санитарните јазли,како и приклучоци за електро и водоводната канализација, истакна градоначалникот, нагласувајќи дека темпото со кое се одвиваат работите дава надеж дека предвидените рокови за довршување на објектот би се исполниле.
Градежно-изведбените работи за изградба на новиот блок на Детската Градинка „11 Септември” во Ресен се одвиваат со несмалено темп