Фото: Каде Горан Пандев го прослави својот роденден?

Фудбалот и кошарката, дека одат рака под рака, иако немаат ништо заедничко, доказ е ова фотографија на која се фотографирани две спортски ѕвезди, македонската Горан Пандев и американската Коби Брајант.
 Фотографијата е направена вчера, на луксузна јахта, во Капри, во областа Кампаниа, близу Неапол, каде нашата фудбалска легенда Пандев, го прослави својот 30-ти роденден.
“Двајца големи играчишта, две легенди заедно“ – се само дел од коментарите на струмичани, на социјалната мрежа Фејсбук, кои во голем број, неколку стотици обожаватели, побрзаа да му го честитат 30-от роденден на нивниот сограѓанин, пријател и роднина.
Инаку, триесеттиот роденден фудбалската легенда Горан Пандев, на 27 јули, го прославил во друштво на кошаркарската легенда Коби Брајант, на НБА, во добро расположение, заедно со неговата сопруга Надица Пандева и нејзината сестра Венера Аџискерлева, кои специјално за таа цел отпатуваа од Струмица за Неапол.
Семејството Пандеви, детали од прославата на роденденот не откриваат, со образложение дека сакаат оваа да остане само нивна приватна забава, далеку од очите на јавноста. Што си позборувале заедно Пандев и Брајант, дали средбата е само за роденденот или пак се постојано во контакт, најверојатно допрва ќе се открие.

Превземено од: strumicanet.comФотографијата е направена вчера, на луксузна јахта, во Капри, во областа Кампаниа, близу Неапол, каде нашата фудбалска легенда Пандев, го прослави

Пронајдете не на следниве мрежи: