ФОТО: Коефициентот за победа на Македонија над Србија опаѓа!

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево против Србија ќе го игра решавачкиот меч од А групата на Европскиот шампионат што се одржува во Полска.Македонската машка ракометна репрезентација попладнево против Србија ќе го игра решавачкиот меч од А групата на Европскиот шампионат што се одржува во Полска.
По двата порази, кои ги претрпеа во првите два меча од Франција и Полска, двете селекции се пред императив да се победи противникот и да се обезбеди третото место во оваа група, а со тоа и пласман во следната, главна фаза на првенството.
Според последните предвидување на светските обложувалници, коефициентот за победа на Македонија е во постојан пад. Па така, ако во текот на вчерашниот ден истиот се движеше околу 2.10, сега просечниот коефиицент за победа на Македонија изнесува 1.85, додека за триумф на Србија од 2.10 е зголемен на 2.50.

За разлика од Србите, на кои само победа им е опција за ракометарите на Македонија предвид доаѓа и нерешен резултат, тоа поради подобрата гол разлика во однос на противникот.

За овој меч селекторот на Македонија, Ивица Обрван направи и една измена во тимот, во кој се враќа Жарко Пешевски откако Никола Маркоски во неделата се повреди на натпреварот против  Полска.
Пешевски токму за мечот со домаќинот беше заменет од Филип Лазаров.
Уште пред заминувањето за Полска, во таборот на црвено-жолтите се очекуваше токму дуелот против Србија да биде решавачки за пласман во следната рунда.

Тоа уште еднаш го повтори и капитенот Кирил Лазаров кој додаде дека искуството кое го имаат акумулирано неговите соиграчи треба да се искористи.
– Србија се покажа во светло издание на првенството, со голема борбеност. За разлика од нив, ние сме многу поискусни. Тоа е нашата голема шанса за пласман понатаму, изјави капитенот Лазаров.
Мечот Македонија – Србија ќе се игра со почеток од 18 часот и 15 минути, а во вториот меч од А групата за првото место ќе се борат Франција и Полска.Македонската машка ракометна репрезентација попладнево против Србија ќе го игра решавачкиот меч од А групата на Европскиот шампионат што се о

Пронајдете не на следниве мрежи: