Фото: Кој е човекот кој стои зад Марфиевиот закон?

Доколку нешто може да тргне наопаку, ќе тргне наопаку. Така гласи познатиот закон на Марфи, а многумина од нас не знаат кој е човекот кој е причината поради настанувањето на овој закон.Далечната 1949 година, научниците и инженерите во авио базата во Калифорнија истражувале колкава сила на гравитација може да поднесе човековото тело.
Користената оригинална опрема за тестирање не била исправна, па на помош го повикале Едвард Марфи, поранешен пилот и инженер, да направи надзор на инсталацијата на новата опрема.
Сепак, во текот на тестирањето новиот мерач не покажувал никакви отчитувања, а неколку месеци по тестирањето д-р Џон Стап, еден од научниците вклучени во истражувањето одржал конференција за резултатите.

Кога го прашале колку било опасно тестирањето, Стап одговорил дека неговиот тим во текот на работата “постојано го имал на ум Марфиевиот закон” и планирале како да ги спречат грешките.
На овој начин докторот го направил законот на Маpфи популарен, обидувајќи се да го камуфлира лошиот тек на истражувањето.
Денес постојат разни варијанти на овој закон, но сите се сведуваат на иста песимистичка премиса, а тоа дека секогаш треба да се очекува најлошото од она што може да се случи.Далечната 1949 година, научниците и инженерите во авио базата во Калифорнија истражувале колкава сила на гравитација може да поднесе човековото тел

Пронајдете не на следниве мрежи: