Кога ќе ја видите оваа негова фотографија, на прв поглед сигурно нема да го познаете. Тој е роден на 16-ти јуни 1952-ра година. Македонија и македонците ќе го препознаат ако веднаш се спомне името на нашата држава и спорот кој нашата земја го води долги години со нашиот јужен сосед.
Овој човек е Јоргос Папандреус, грчки политичар и поранешен премиер на Грција. Неговото семејство потекнува од долгогодишна политичка династија која е присутна во поновата историја на Грција.
Интересен факт за овој човек е што дојде на власт во Грција со ветување дека че ја спаси земјата и народот од економската криза, која сеуште е присутна во земјата, во големи рамки. Но, за жал, тој не успеа во тоа, падна на испитот за спроведување на строги рестриктивни мерки, па мораше да си поднесе оставка.
Решавањето на спорот со името на Македонија, која го има нашиот јужен сосед, за Папандреус беше вистиснки предизвик, но тој го игнорираше овој „проблем“ со изговор дека е премногу зафатен со внатрешните проблеми и политики кои ја погодија земјата со појавата на економската криза.
Останува да видиме дали новата грчка влада ќе се согласи конечно да се реши спорот со името и да се дојде до решение каде што двете страни ќе бидат задоволни.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Кога ќе ја видите оваа негова фотографија, на прв поглед сигурно нема да го познаете. Тој е роден на 16-ти јуни 1952-р
Пронајдете не на следниве мрежи: