Гигантот Кока Кола му посака добредојде на нашиот репрезентативен капитен Перо Антиќ во Атланта преку својот официјален фејсбук профил.На фејсбук страната на Кока Кола, над 70 милиони фанови можеа да ја прочитаат следнава порака:
“Welcome to our hometown Pero Antic We wish you great games that will make your Macedonian fans prouder and louder “.
Фактот што компанијата Кока Кола е формирана токму во градот Атланта во федеративната држава Georgia, уште во далечната 1886 година е можеби причина за овој гест за нашиот репрезентативец од страна на еден од најголемиот светски мулти-корпорациски бренд.
Со сигурност оваа сезона во НБА на Перо Антиќ, но и на Македонија ќе им донесе шанса за позитивна промоција пред огромна милионска публика.На фејсбук страната на Кока Кола, над 70 милиони фанови можеа да ја прочитаат следнава порака: