На француска монета, изработена меѓу 1656 и 1680 година, може да се види чуден тркалезен објект кој многу потсетува на дизајнот на летачките чинии, опишувани од голем број на луѓе.Паричката се нарекува француски жетон и „во средновековниот свет била широко користена како помошно средство за пресметување на трансакции меѓу трговци и кралски претставници“, пишува нумизматичкиот сајт York Coins.
Монетата има димензии како американска монета од 25 центи и личи на илјадници други метални пари, на кои се прикажани различни фигури со религиозна и едукативна тематика. Повеќето од нив се произведени меѓу XVI и XVII век.
– Некои луѓе сметаат дека на паричката е прикажана необична средба со НЛО. Некои истражувачи сметаат дека го претставува библиското тркало на Езекиел. Латинскиот натпис „ОPORTUNUS ADES“ се преведува како „Тука е во вистинско време“, пишува UFO Sightings Daily.
Тркало на Езекиел е едно од најпознатите споменувани нешта, кога станува збор за докази за НЛО во Библијата. Пророкот го опишал приближувањето на „четири лица“ од небото. Една од најпознатите фрази во книгата на Езекиел е „тркало во тркалото“. Кога „четирите лица“ ја допреле земјата, Езекиел забележал тркала. Непознатиот објект слетал, од него излегле тркала и почнал да се движи.
Во тоа време, Езекиел би требало да е бил запознаен само со обични тркала од коли, но тој опишал тркала кои можат да се движат во сите правци.
Од статија за француските средновековни монети на нумизматичкиот сајт Chicago Coin Club, станува јасно дека дизајнот на овие монети е селектиран многу внимателно, бидејќи самите монети биле користени и како силно средство за пропаганда.
„Како што му доликува на средновековниот вкус, монетите секогаш биле декорирани. Овие декорации секогаш се правени со некаква цел, понекогаш религиозна, но најчесто политичка. Во XVI век, монетите се користат претежно за пренос на некаква политичка порака или пофалба за делата на владетелот. Француските владетели доживеале толку голема потреба за пропаганда преку овие монети, што продолжиле да ги создаваат долго откако оригиналната намена исчезнала.“
Чудната монета ја скокотка имагинација на ентузијастите веќе неколку децении. Некои од другите можни објаснувања за необичната фигура е дека наликува на печурка, која лебди во воздух, или пак дека личи на цвет или штит.Паричката се нарекува француски жетон и „во средновековниот свет била широко користена како помошно средство за пресметување на трансакции ме