Фото: Македонец на тренинг камп во фудбалскиот клуб Челси

Од екипата на фудбалскиот клуб Челси редовно во летниот преоден рок организираат тренинг кампови на кој регрутираат деца од целиот свет. На еден таков тренинг камп се појави и Македонецот, Петар Донески кој живее во Шведска и кој моментално настапува за еден локален клуб од градот Вастервик. 
На покана на клубот, Донески аплицирал и бил примен на кампот кој трае 14 дена и се одржува во Лондон.

Во тренинг кампот моментално има 90 деца од 7 до 17 години кои се селектирани во возрасни категории. Тренинзите ги водат млади волонтери од клубот и истите се доста интензивни и напорни. 

„Прекрасно е да си дел од еден голем фудбалски клуб како Челси. Морам да кажам дека пред се сум премногу возбуден. Тренинзите се доста интензивни и со врвен квалитет водени од тренери кои помагаат во развојот како играч. Се надевам дека целата оваа ситуација ќе даде позитивен ефект врз мојата кариера и врз мојот понатамошен развој.“- коментираше Петар Донески 

Донески игра на позицијата централен дефанзивец и доколку остави впечаток на овој камп може да му биде понудена повторна соработка со гигантот од Лондон. На еден таков тренинг камп се појави и Македонецот, Петар Донески кој живее во Шведска и кој моментално настапува за еден локален клуб од градот Ва

Пронајдете не на следниве мрежи: