Живееле на далечен остров во Пацификот, 3 700 километри западно од Јужна Америка и 1770 километри оддалечени од најблискиот остров и подигнале огромни, мистериозни камени статуи, кои се поставени на ридови. Но, древните Полинежани, кој го населувале Велигденскиот остров (Рапа Нуи), не биле толку изолирани како што се мислело порано.
Научниците, кои го извршиле генетското истражување, го објавиле своето откритие во магазинот „Current Biology“ и навеле дека овој древен народ имал значајни контакти со американските Индијанци, 100 години пред доаѓањето на Западњаците на островот во 1722 година.
Народоот на Рапа Нуи создал единствена култура, најпозната по 900 монументални камени фигури – моаи. Културата се развивала од 13-тиот, па се до 16-тиот век.
Генетските податоци од 27 жители на Велигденскиот остров покажале дека до вкрстувањето на народите од Рапа Нуи и од Јужна Америка, дошло помеѓу 1300 и 1500 година, пишува Ројтерс.
„Пронајдовме докази за генетската поврзаност меѓу оваа и популацијата на Индијанците, што покажува дека постоела древен, океански и миграциски пат меѓу Полинезија и Америка“, изјави водачот на студијата ,Ана Сапфо Маласпинас од Центарот за геогенетика при Универзитетот во Копенхаген.
Генетските докази покажаа дека или народот Рапа Нуи патувал кон Јужна Америка или жителите на Америка доаѓале на Велигденските острови.
Експертите повеќе ја прифаќаат првата верзија и веруваат дека жителите на Рапа Нуи со дрвени кануа, со недели пловеле по океанот, како би дошле до Јужна Америка, како и дека до вкрстување на народите дошло пред 19 до 23 генерации. Со белите луѓе, Рапа Нуи почнале да се мешаат подоцна, дури во 19-тиот век.
Маласпинас вели дека по генетската структура, народот Рапа Нуи е составен од 75% Полинежани, 15% Европјани и 10% % од индиско потекло.Но, древните Полинежани, кој го населувале Велигденскиот остров (Рапа Нуи), не биле толку изолирани како што се м
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.