Фото: Момче октопод во чие тело расте неговиот брат близнак!

Верувале или не, ова 8 годишно момче од Индија има страшна и доста необична судбина, која покажува дека неговиот живот е во опасност. Момчето од Индија, Дипак Кумар кое е познато под прекарот „Момче октопод“ е родено со неразвиен брат близнак во неговите гради. 
Уште кога се родил докторите откриле дека постои уште едно дете кое од се уште необјасливи причини почнало да се развива во градите на другото дете. Додека Кумар бил мал, докторите се плашеле за неговиот живот и не можеле да извршат никаква операција врз него. 
Во следните 8 години ова мало момче од Индија доживувал вистински кошмар. Некои кога слушнале за него мислеле дека тој е нешто свето, дека е некаков Бог па почнале да го бараат и да се поклонуваат пред него, молејќи за милостина, среќа, здравје. 
Други кои слушнале за него и се среќавале со него бегале како од ѓавол, бидејќи се плашеле дека е некакво суштество, а не човек, бидејќи братот близнак на Кумар почнал полека да се развива и неговите екстремитети почнале да излегуваат од телото на Кумар ида бидат видливи. 
Другите деца кога го среќавале фрлале камења врз него бидејќи се плашеле и го сметале за некакоов изрод. 
По овие мачни 8 години, докторите од Индија направиле испитуавања и решиле дека детето е доволно силно и здраво за да направат операција и да го отстранат негоиот брат од неговото тело. 
Операцијата беше закажана за ова лето, а неговите родители неколкупати преку неколку телевизиски канали во Индија апелираа за парична помош за да може нивното дете да има нормален и пред се здрав живот. Момчето од Индија, Дипак Кумар кое е познато под прекарот „Момче октопод“ е родено со неразвиен брат близнак во неговите гради. 

Пронајдете не на следниве мрежи: