Станува збор за Оливер Бартон кој е од Велика Британија. Тој по трет пат боледува од рак, но, шансите овој пат да преживее се многу мали. Имено, неговата последна желба била да испие чај со кралицата Елизабета. Но, таа не можела да го посети, па ја заменила актерката Хелен Мирен , која најчесто ја толкува улогата на кралицата на филмското платно.
Хелен Мирен им платила на Оливер и неговото семејство билети за нејзиното шоу во Вест Енд, каде таа ја глуми кралицата. По претставата, актерката го поканила момчето и неговата мајка, Кетрин Браун да и се придружат зад сцената.
Таа облечена како Елизабет, седела заедно со малиот Оливер, а човек преправен како батлер ги послужил со чај. Притоа, болното момче мислело дека таа е вистинската кралица и било воодушевено што конечно неговата желба е исполнета.
На Оливер прв пат му е дијагностициран рак во третата година. Од тогаш, два пати се излекувал, но лекарите предвидуваат дека третиов пат нема да се извлече. Поради Дауновиот синдром, тој е исклучително чувствителен на лекови, а хемотерапијата во неговиот случај е невозможна.
Пријателите, роднините, па дури непознати луѓе, собрале 10 илјади фунти, за да може Оливер последните денови да ги помине во патувања и посета на луна паркови.Станува збор за Оливер Бартон кој е од Велика Британија. Тој по трет пат боледува од рак, но, шансите овој пат д