Фото: Направете сами – Колачиња на вашите нокти!

Љубители сте на маникирот? Сакате да имате најслатки нокти измислувајќи разни начини да го постигнете тоа? Тогаш сте на вистинското место!
Потребни ви се складни нијанси како на пример светло розева и темно розева (циклама) со кои ќе ја декорирате основата на секој нокот.
Белата ќе ви послужат за декорирање на колачето. Но, не мора по секоја цена шлагот да биде бел, може да биде и во некоја друга боја, одлучете самите.
Во случај да сакате да декорирате со други бои, на пример жолта, зелена, розова, обрнете внимание на тонот на лакот. Овој пат ви требаат млечни нијанси, никако интензивни.
Во неколку чекори ќе се обидеме да ви ја појасниме оваа техника на дизајнирање на ноктите
1.  Најпрво, основата на ноктите, премачкајте ја со лак кој е во млечно розева боја, изоставајќи го притоа ноктот на средниот прст од раката.

2. На третиот прст, кој не го налакиравте, нанесете од млечната розева боја – само на врвот од ноктот, исто како кога правите француски маникир.

3. Кога ќе се исуши лакот од ноктите, подвлечете линии во должина со циклама боја на лак.

4. Со помош на точкалка за декорација, направете го шлагот на колачето со лак во бела боја.

5. На врвот од шлагот, со помош на точкалката направете срце, или една поголема точка со циклама боја, и декорирајте со мали точки во посветло розева боја.

6. Вашите колачиња на ноктите се готови, премачкајте со безбоен лак, за да им дадете сјај на ноктите!

Топ трендовите на маникир за 2013 година можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Пронајдете ги вашите омилени бои и нијанси на лакови кои ги поседувате, и фатете се за работа.
 
 Љубители сте на маникирот? Сакате да имате најслатки нокти измислувајќи разни начини да го постигнете тоа? Тогаш сте н

Пронајдете не на следниве мрежи: