Нашата нова кандидатка за денешната трансформација во редовната рубрика „Пред и Потоа“ е Радица Костова.
Кај оваа млада и прекрасна девојка, тимот од Студио Алуре изврши боење и поткратување на косата, а со тоа нашата кандидатка доби освежен изглед.
Нашиот стилист Небојша Пешевски најпрво направи корекција моделирано лице, а потоа нанесе посветли нијанси на сенка за да се изразат нејзините очи.
Карминот е во согласност со нијансата на косата со цел да и даде дополнителна свежина.Радица доби прекрасен освежен изглед кој целосно ја изразува нејзината природна убавина, а на оваа трансформација ќе се сеќава благодарение на нашиот професионален фотограф Моника Миличковска.
Доколку и Вие сакате да бидете дел од нашата рубрика „Пред и Потоа“, пријавете се на фејсбук профилот на Небојша Пешевски www.facebook.com/nebojsha.peshevskiii или на фејсбук страницата на Студио Алуре www.facebook.com/StudioAllureSkopje.
Вашето мислење за оваа трансформации споделете го со нас во коментар.
Нашата нова кандидатка за денешната тран
Пронајдете не на следниве мрежи: