Фото: „Око“ во кое се раѓаат нови планети!

Можеби предметот на сликата изгледа како џиновско око, но станува збор за место, во кое се раѓаат нови планети. Снимена со вселенскиот телескоп „Hubble“, оваа слика прикажува џиновски облаци со прашина и камења околу ѕвездата.
„Тоа е како да гледаме во минатото и деструктивните настани кои се случувале во Сончевиот систем, откако се формирани планетите“, вели водачот на истражувањето Глен Шнајдер од опсерваторијата Стјуард од Универзитетот во Аризона.
Резултатите се објавени во октомвриското издание на „Астрономски журнал“.
Со  неочекувана разновидност и сложеност, овие системи од прашина и камења сугерираат дека под гравитациското влијание на егзопланета, која се врти околу ѕвездите, но не се гледа на сликата.
Ваков ефект и распоред на материјал може да биде резултат на поминување на ѕвездата низ меѓуѕвездениот простор.
„Ова се сложени тридимензионални системи, често поврзани за помали структури. Некои од потструктурите можат да бидат знаци за постоење на планета“, вели Шнајдер.
Во текот на последните години, астрономите откриле неверојатно богатство од архитектура од егзопланетарни системи, во кои планетите се распоредени во орбитата по сосема поинакви принципи од оние кои важат во Сончевиот систем.
„Сега гледаме и слична разновидност на архитектура во системите од камења и прашина“, дополнува Шнајдер. 
Снимена со вселенскиот телескоп „Hubble“, оваа слика прикажува џиновски облаци со прашина и камења околу ѕвездата.
„Тоа е

Пронајдете не на следниве мрежи: