Фото: Ова е девојката која ја прегази синот на сопственикот на ТВ Пинк

Александар Митровиќ, синот на сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, пред два дена околу 23.30 часот со теренско возило на Пинк ја успртил малолетната А.Б. (17), а потоа побегнал од местото на несреќата. Два часа подоцна, во придружба на адвокат се појавил во полициска станица, каде по сослушувањето му била одредена мерка притвор.
Како што пишува српски Блиц, Александар би можел да биде осуден за тешко дело против безбедноста во сообраќајот. Кривичниот законик на Србија за ова кривично дело предвидува казна затвор од 2 со 12 години.
Девојката А.Б. го загубила животот на пешачкиот премин во ул. „Устаничка“, а очевидците тврдат дека возилото што налетало на неа се движело со голема брзина.
 
Според очевидците, возачот не застанал по несреќата, туку забрзал уште повеќе и побегнал. Полицијата веднаш извршила увид на местото на несреќата, за да го идентификува возачот што ја убил девојката.
Два часа по полноќ во зградата на полицијата се појавил Александар Митровиќ заедно со татко му во придружба на адвокат.
На Александар му била земена крв за анализа, а првичните вештачења укажуваат дека тој не бил под дејство на алкохол.

Српски Курир, повикувајќи се на сопствени извори од истрагата јавува дека Александар поминал на црвено и дека возел со брзина од 100 километри на час.
Инаку, татко му Жељко Митровиќ, во изјава за медиумите вчера рече дека Александар бил во шок и дека веднаш по несреќата му се јавил и рекол дека сака да се убие.
извор:курир.мкАлександар Митровиќ, синот на сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, пред два дена околу 23.30 часот со теренско воз

Пронајдете не на следниве мрежи: