Иво и Славко Голдштајн го подготвуваат крајот на делото за „Биографијата на Јосип Броз Тито“ , во кое ќе бидат претставени документите и изјавите на сведоците темелени на приказната на животот на југословенскиот претседател.Книгата треба да излезе на есен, а загребскиот „Јутарни лист“ го објавил првиот од шестте продолжетоци на најинтересните делови, кои ги припремиле авторите.
Јосип Броз во позрелите години во друштво на пријателите и пред телевизиските камери се потсетувал на младите денови но никогаш не проговорил за првата жена, Пелагија Бјелоусова.
После 5 години поминати како затвореник во пропаднатата австро унгарска војска во Русија и Сибир, Јосип Броз во првите денови во ноември 1920 се вратил во новонастанатата Крачството СХС, во Загреб. Со нив стигнала и неговата жена, русинката Пелагија Бјелоусова, која воедно била и бремена. Таа се породила во куќата на родителите на Јосип Броз, но детето починало по неколку дена.
Браварскиот занает и заљубување во револуцијата
Броз веднаш се вработил во браварската работилница Филип Баум во Загреб. Во Русија во деновите на Октомвриската револуција станал и комунистички симпатизер, па во Загреб се запишал во Комунистичката партија на Југославија. Меѓутоа со неспособноста со толку мала плата да го организира фамилијарниот живот во Загреб, Јосип Броз пред крајот на Јануари 1921 година преку оглас се вработува како машинист во моторната мелница „Самуел Полак“ во Големото Тројство,село недалеку од Бјеловар. Тука живеел во наредните 4, 5 години. Со партиската организација изгубил секаква врска, а судејќи според се и не се трудел толку многу.
За брачниот живот на Броз од тоа време е многу малку познато, но се чини дека живеел добро. Јосип Пелагија ја нарекувал Пољка.
Сам го хранел, бањал и повивал синот
Доживеале две трагедии- во ноември 1922 им се родил син по име Хинко кој починал по 8 дена од дизентерија, во јуни 1923 година а од дифтерија умира 18- месечната ќерка Златица, Јосиповата непрежалена миленичка, но во февруари 1924 година им се родил синот Жарко, здраво дете кои им дошло како некоја утеха.
Тој многу и помагал на својата сопруга. Го хранел, повивал и се грижел за синот.
Пролетта во 1923 година четворица бјеловарски комунисти го повикуваат Броз и еден негов пријател на состанок и двајцата се приклучуваат во илегалната партиска ќелија. На почетокот во 1924 го избираат Броз во новоформираниот Окружен комитет КПЈ за крижевачко- бјеловарската жупанија. Тоа е големо постигнување за Јосиповиот вроден активизан , за се јавува и амбиција да биде организатор и предводник.Книгата треба да излезе на есен, а загребскиот „Јутарни лист“ го објавил првиот од шестте продолжетоци на најинтересните делови,