Фото: Ова младо момче го тепале над 30 луѓе во Белград

На сплавот Саунд во Блеград на 25 јули од страна на обезбедувањето беше претепан до смрт Федор Фримерман (30). Во петокот имаше судење, а Немања Г. беше сведок на тепачката на која и самиот претрпел повеќе полесни повреди.Немања Г. е допар пријател на починатиот Фримерман и во петокот сведочеше за настанатата случка, каде што се изјасни дека околу 30 припадници оод обезбедувањето ги шутирал и удирал момчињата. 
Речиси идентична изјава за истражниот судија дал и вториот сведок, Душан В., инаку припадник на обезбедувањето на сплавот Саунд. Тој потврдил и дека во тепачката не учествувало само обезбедувањето на сплавот, туку и на неколку околни сплавови, и дека Фримерман најмногу го удирал Денис П., еден од четворицата уапсени и осомничени за убиство. Двајцата сведоци потврдиле дека на сета ситуација и претходеле караница и физичка пресметка на пријателот на Фримерман, Милан М. со Денис П. Тепачката започнала кога сите се симнале од сплавот.
“Тепачката започна помеѓу нашиот другар Милан М. и тој Денис. Со Федор се обидовме да ја смириме ситуацијата, по што се вмешаа и останатите припадници на обезбедувањето кои сите тројца не соборија на земја. Одеднаш се појавија и други момци, но не видов од кој правец дојдоа бидејќи веќе лежев претепан на земјата. Имаше повеќе од триесет” – раскажувал за трагедијата сведокот Немања Г., на чие сослушување присуствувале адвокатите на осомничените, како и застапник од семејството Фримерман.
Немања Г. зборувал пред судијата цели два часа. По излегувањето од судницата не сакал да разговара со многубројните новинари, пишуваат српските медиум. Инаку, како што посочија тамошните медиуми Милан М., другиот пријател на Фримерман и сведок на целата ситуација, кого обезбедувањето исто така ѕверски го претепа и му нанесе сериозни повреди, во петокот не се појавил на сослушувањето бидејќи не примил повик, па судијата ќе го сослуша на посебна средба.Немања Г. е допар пријател на починатиот Фримерман и во петокот сведочеше за настанатата случка, каде што се изјасни дека околу 30 припадници

Пронајдете не на следниве мрежи: