Дека љубовта помеѓу луѓето и животните е неопислива и понекогаш толку силна, покажува и овој пример на оваа млада тинејџерка од Кочани која си го ризикуваше животот да спаси едно мало маче.Отворена шахта во центарот на Кочани, деновиве беше страв и трепет за кочанските мажи. Немаа храброст да влезат и од нејзе спасат паднато и заглавено домашно милениче. На овој чекор, без размислување дека животот го става на коцка се одважи 16 годишната Кети Зашева, пренесува телевизијата Канал 5.
„Кога слегував по скалите од шахтата не размислував за ништо друго,освен на тоа да го најдам несреќното животинче, во овој случај мало маче да е живо. Беше навистина длабоко и темно со силна смрдеа, но тоа не ми пречеше да се симнам до дното и да го најдат изнемоштеното домашно милениче“, раскажа пред камерата храбрата мала тинејџерка Кети Зашева.
Неколку денови, Кети попусто ги молела пожарникарите и полицајците да помогнат. Помош не добила, како што вели, токму од оние на кои во описот на работните задачи им е да спасуваат граѓани и животни во мака. Затоа, не гледајќи друг излез, без трошка страв, младата кочанчанка, вчера влегла во дупката длабока десетина метри во која демнат грст опасности и од сигурна смрт го спасила беспомошното животинче.
„Да, точно, пред да слезам, овие денови бев во полиција и го пријавив случајот со молба да помогнат, но тоа не се случи. На иста реакција наидов и кај пожарникарите. Затоа, се решив јас да го решам проблемот, со тоа што јас ќе слезам и ќе го спасам мачето“, дополни нашата соговорничка.
Потегот на Зашева деновиве е актуелна тема помеѓу кочанчани. Едногласни се. Ова е лекција до возрасните, како треба да се постапи во случај кога нечиј живот е во опасност, без разлика дали се работи за луѓе или животни.
Извор.Канал 5Отворена шахта во центарот на Кочани, деновиве беше страв и трепет за кочанските мажи. Немаа храброст да влезат и од нејзе спасат паднато и заглаве