Слободан Боца Медиќ (47), командант на некогашната паравоена единица „Шкорпиони“, неговата сопруга Лилјана (45) и синот Дража (17) беа погребани вчера во селото Стејановци, пренесуваат српските медиуми.Тројцата членови на семејството Медиќ загинаа на 31-ви декември во тешка сообраќајна несреќа на локалниoт пат Сремска Митровица – Велики Радинци.
-Трагедијата најтешко ја поднесе Србислава, која во еден ден остана без родители и помладиот бат. Многубројното семејство, соседи и пријатели се собраа пред семејната куќа во селото Стејановци. Тажната поворка од повеќе од стотина лица ги испрати Лилјана, Слободан и Дража до нивната вечна куќа. Родителите и нивниот малолетен син се погребани во иста гробница, а Дража во бел ковчег засекогаш ќе спие помеѓу мајката и таткото, пишува српски Курир.
На погребот на семејството Медиќ, според кажувањата на мештаните, присуствувале и припадници на паравоени формации кои учествувале во војната на просторите на поранешна СФРЈ.
Слободан Медиќ, неговата сопруга и синот загинаа откако возач на “рено“, Дејан К (29), кој имал 1,9 промили алкохол во крвта, преминал на спротивната лента и удрил во “тојота“ во која биле настрадните. Медиќ, кој е осуден на 20 години затвор поради воени злочини, настрадал враќајќи се во затвор во Сремска Митровица.
Извор: kurir.mkТројцата членови на семејството Медиќ загинаа на 31-ви декември во тешка сообраќајна несреќа на локалниoт пат Сремска Митровица – Велики Ради