Фото: Порака до „Victoria’s Secret”:Вака изгледаат вистинските жени!

„Облечени” само во долна облека, активистки во текот на викендот протестирале пред продавницата на „Victoria’s Secret” во Сан Франциско.
Се уште не стивна вревата од „загрижените” и конзервативни мајки, кои што и се налутија на компанијата „Victoria’s Secret” поради колекцијата на танга гаќички наменети за постарите тинејџерки на кои што се испишани зборовите “Call Me”, „Kiss Me”, „Wild” и „Feeling Lucky”, а сега веќе се појавила нова група на револтирани жени кои што му задаваат проблеми на овој глобално популарен бренд на долна облека.

Кампањата против компанијата „Victoria’s Secret” продолжила и во текот на изминатиот викенд во Сан Франциско, каде што група на полуголи жени и еден маж протестирале против славниот бренд на долна облека.

Овие протести биле во организација на групата „About-Face”, која дава се од себе за да ги „спаси” жените од негативното влијание на модната индустрија и од “лажните” слики за идеалното женско тело кое што го форсираат брендовите.

Неделниот протест бил насловен „Operation Real Bodies Real Love: About-Face Action of Body Acceptance and Self-Love!”, а истиот бил организиран преку социјалната мрежа Фејсбук. Поголемиот дел од жените се појавиле само во градници и гаќи, без комплекси, носејќи ги со себе пораките „Ветувам дека ќе си го сакам своето тело!”.„Облечени” само во долна облека, активистки во текот на викендот протестирале пред продавницата на „

Пронајдете не на следниве мрежи: