Фото: Поранешната девојка на Тоше, Будимир ќе се венча

Loading...

Андријана Будимир веќе две години е во врска со угостител од Скопје, Јохан, кој позади себе има брак и две деца. Врската со Андријана ја започнал уште додека бил во брак.
Поранешната ракометарка ќе се венча 5 години после смртта на Тоше Проески. Андријана Будимир (32), минатата година се верила со Јохан и моментално ја подготвуваат венчавката.

„Андријана со својот иден сопруг е две години во врска, а двајцата се верија во тајност. Јохан позади себе има еден брак и две деца,  а врската со Андријана ја започнал додека се уште бил во брак со претходната, сега поранешна сопруга“, пренесуваат хрватските медиуми.

Андријана беше долгогодишна девојка на покојниот пејач. После неговата смрт таа се повлече од медиумите, а не беше ни на промоцијата на неговата песна која е објавена на 25 јануари, на денот на неговиот роденден. Нејзините пријатели нејзиното отсуство го оправдуваат со бројни обврски.

„Секој ден има проби за новата сезона на емисијата „Танц со ѕвездите“. Веќе оддамна е познато дека не е во најдобри односи со семејството на легендарната икона и дека одбегнува  да го посетува неговиот гроб кога има многу медиуми и обожаватели“, изјавуваат нејзините пријатели.

Андријана на својата официјална страна се уште има фотографии од Тоше, а неодамна изјавила и дека се уште тагува, но помеѓу своите четири ѕида. Со Тоше Проески беше во врска од 2001 до 2004 година, а три години подоцна, на неговиот роденден, повторно ја обновија истата. После неговата смрт, Будимир морала да докаже дека двајцата биле во врска.
Тоше загина на 16 октомври 2007 година.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 
 

loading...
Loading...