Фото: Потресно сведоштво – Поради девојка го закла брат ми!

Дваесет и едногодишно момче вчера вечер со нож уби две лица во ноќен клуб во местото Војишница, во близина на Карловац, Хрватска. Како што јавуваат локалните медиуми, момчето ги нападнало жртвите пред ноќниот клуб и со нож ги убило на лице место.Во кафичот Дид во Виргинмост инволвираните се виделе час ипол пред трагедијата. Осомничениот за убиство Бошко Шапиќ (21) дошол до масата на која седеле Алвин Хорватиќ (21) и Дејан Вучковиќ (20) и наводно им рекол: Ќе ви е*ам мајката усташка, вечерва ќе паѓаат мртви глави. Ова за Јутарњи го сведочи Бојан Вучковиќ (19), кој бил во друштво на сега својот покоен брат Дејан.
Тој останал во Виргинмост, а неговиот брат и Алвин продолжиле кон Карловац, во местото Воишница, каде се наоѓа ножниот клуб Heart, нивното омилено место за излегување во сабота, каде редовно се опивале слушајќи народна музика.
Постојат различни приказни за инцидентот. Според соседите на убиецот, тој бил нападнат и го искористил ножот во самоодбрана.
Роднините на убиените пак велат дека Бошко бил тој кој го предизвикал инцидентот, со цел да се ослободи од Алвин, поранешното момче на неговата девојка Викторија, кој не се помирил со раскинувањето.

„Мештаните кои утрово разговараа за инцидентот додаваат и меѓунационален набој, па велат дека Србинот Бошко убил двајца „нивни“, Хрвати доселени од Бања Лука. Сите се сложуваат дека инцидентот е поради девојка. Таа се вика Викторија Јакуш-Мејарец (18), која живее во Виргинмост“, пишува Јутарњи.
Некои соговорници на весникот, тврдат дека фамозната Вики, како што девојката се претставува на социјалните мрежи, била девојка на сите три момчиња, прво на Дејан, потоа на Алвин, а моментално е во врска со Бошко.
Сите тие се познаници, а ако се суди по поврзаноста на Фејсбук, дури и пријатели. Сепак, братот на Дејан вели дека Дејан никогаш не бил во врска со Викторија, туку дека настрадал бидејќи се нашол во погрешно време на погрешно место.
„Бошко го извади ножот и тргна кон Алвин. Мојот брат сакаше да го спречи. Бошко замавна кон Алвин, но го пресече вратот на Дејан. Тој тргна кон скалите од кафичот и викаше: повикајте помош, повикајте брза помош, држејќи се за раната од која што прскаше крв. Од кафичот истрчаа многу лица. Дејан не издржа, падна пред вратата. За тоа време Бошко пет пати со нож го избоде Алвин. И тој исто така падна, но покажуваше знаци на живот. Бошко му пријде и му го зари ножот во срце. Почина на лице место, а мојот брат искрвари до доаѓањето на брзата помош. Од кафичот излезе обезбедувањето кое го совлада убиецот, му ги скрши рацете и изби забите. Го задржа до доаѓањето на полицијата“, раскажува братот на Дејан за Јутарњи.Во кафичот Дид во Виргинмост инволвираните се виделе час ипол пред трагедијата. Осомничениот за убиство Бошко Шапиќ (21) дошол до масата на која се

Пронајдете не на следниве мрежи: