Пулс24.мк ви ја претставува најновата трансформација во редовната рубрика „Пред и Потоа“ со Небојша Пешевски.
Нашата денешна кандидатка е Анета Јовковска. За нејзината коса се погрижи екипата од Студио Алуре, а нашата кандидатка доби нијансирање во модерен стил.
За шминката, нашиот стилист Небојша Пешевски употреби посебна техника со која се доби подигање на веѓите и моделирано лице. Со корекцијата на усните и светлата нијанса на кармин се истакнува нејзиниот бел тен на кожата, а одличниот избор на бои за сенка им даде дополнителен сјај на нејзините прекрасни очи.
Тимот што победува не се менува, па затоа и овој пат најдобрите моменти од трансформацијата ги фотографираше нашиот професионален фотограф Моника Миличковска.
Доколку и Вие сакате да бидете дел од нашата рубрика „Пред и Потоа“, пријавете се на фејсбук профилот на Небојша Пешевски (www.facebook.com/nebojsha.peshevskiii) или на фејсбук страницата на Студио Алуре (www.facebook.com/StudioAllureSkopje ). Вашето мислење за оваа трансформации споделете го со нас во коментар.
Пулс24.мк ви ја претставува најновата трансформација во редовната рубрика „Пред и Потоа“ со Небојша Пешевс