Париз – градот на светлината… Градот на уметноста, историјата, архитектурата, модата, сликарството… Градот во кој ќе се заљубите на прв поглед!Париз беше и сè уште е мојот град од соништата. Имав 48 часа да го прошетам и да се запознаам со него. Ми беа премалку, но доволни за да засекогаш останат дел од мене. Град на кој вечно ќе се сеќавам. Град кој зеде дел од мене и ми украде силни воздишки.
Дури и пронајдов пасус од книга кој тотално го опишува мојот град… и мене:
„Сакаше да биде во Париз, каде ништо не е така здодевно, каде се чинеше дека е полесно да се пишува поезија и каде сите се облечени по последна мода, а и да не се, се чинеше како да креираат некоја своја сопствена…“ – „Едно неделно утро“
Ако барате „сè“ од едно туристичко место – Париз е вистинската дестинација!
Катедралата Нотр Дам – е најпосетената катедрала во Франција. Тешка како слон, лесна како пеперутка (Анатол Франс). Изградена во готски стил со исклучителни пропорции. Фасадата ѝ е вертикално поделена со столбови на три дела, а хоризонтално со галерии. Има три огромни ѕвона, меѓу кои и најтешкото ѕвоно, кое може да се слушне како одекнува за време на поголеми празници (Велигден).
Поглед од Ајфеловата кула – една од најпознатите и најпосетени атракци во светот, 40 години позната како највисока градба. Има 1655 скали и 4 лифта кои се наоѓаат во нејзините столбови. На врвот има луксузен ресторан, а веќе од вториот кат се гледа Трокадеро, Дефанс и целата околина на Париз.
Обиколка на Лувр – музеј на светската уметност и сите кои го посетиле се воодушевиле. Се наоѓа на брегот на Сена. Музејот некогаш бил дворец на француските кралеви, а на крај на 17 век, тоа станува Версај. Содржи една од најбогатите колекции на светот. Има шест оддели: египетски, ориентален, грчки, римски, слики, склуптури и предмети.
Версајскиот дворец – е резиденцијата на француските кралеви Луј XIV, Луј XV и Луј XVI која се наоѓа југозападно од Париз и има 815 хектари парк-површина. Версај е симбол на врвот на француската монархија, а во него некогаш живееле околу 6000 луѓе. Има многу фонтани и преубаво зеленило, а тука се наоѓа и астрономскиот часовник.
Монмартр – Најубавиот дел од Париз за сите уметнички души. Брдо над Париз кое станало популарно во 19 век. Има Горен и Долен Монмартр. Горниот е познат како гнездо на уметниците, меѓу кои некоаш биле Реноар и Пикасо, а Долниот е познат по бурниот ноќен живот, „Мулен руж“ и улицата Пигал која изобилува со секс-шопови, стриптиз-клубови и девојки за забава.
Елисејските Полиња – Улицата Шанзелизе е најпрестижната и најширока авенија во Париз, позната како една од најскапите. Долга е два километри и се наоѓа во северозападен Париз. Од двете страни се наоѓаат најпознатите брендови во модната, филмската и прехранбената индустрија.
Дизниленд – На само 30 километри од Париз се наоѓа рајот за децата. Преполн со детски ликови од бајките, а дизниевите јунаци се таму по цели денови. Има и Дизниленд хотел во самиот комплекс – продавници, слаткарници, сувенирници, ресторани, кафулиња. Место создадено за уживање на деца и возрасни.
Париз беше и сè уште е мојот град од соништата. Имав 48 часа да го прошетам и да се запознаам со него. Ми беа премалку, но доволни за да зас
Пронајдете не на следниве мрежи: