ФОТО: Рибар уловил „монструозно чудовиште“ во мрежа со шкампи

Рибари извлекле огромна ајкула во мрежа со шкампи, во близина на Key West. Не се ни осмелиле да го измерат бидејќи животното има огромни грозни заби. Го вратиле во морето.Рибарите ја спуштиле мрежата на длабочина од 600 метри и извлекле многу шкампи во близина на key West во Флорида. Но меѓу нив се нашло и огромното чудовиште.
– Воопшто не знаев што е тоа – вели рибарот Карл Мур. Не се ни осмелил да го измери животното бидејќи како што вели имало „гадни заби“. За среќа го сликал гоблинот со новиот мобилен и го вратил во морето.
– Го сликав само затоа што мојот 3 годишен син обожава ајкули, – додава.
Експертите од Националната управа за океани и атмосфера процениле дека е уловен гоблин долг 6 метри и дека се работи за женка.
Гоблинот кој изгледа како праисториско чудовиште е видено само еднаш во Мексиканскиот залив. За овој вид на ајкули многу малку се знае бидејќи живеат длабоко во водите на Јапонија.

Научниците на гоблините не знаат ниту колку долго би можеле да ѓивеат, ниту колку големи можат да пораснат. Тие веруваат дека неговиот долг нос, кој крие застрашувачки вилици, има електросензори кои се во состојба да пронајдат плен дури и во длабочина каде владее целосен мрак и не се слуша скоро ништо.
Разочарани се што немаат пример за да можат да истражуваат, но Мур вели:
– Тоа е мој океан, и се што е во него е дел од мене. Знам дека се исплаќа да се заштитат некои работи.Рибарите ја спуштиле мрежата на длабочина од 600 метри и извлекле многу шкампи во близина на key West во Флорида. Но меѓу нив се нашло и огромното

Пронајдете не на следниве мрежи: