Фото: СДСМ лицемерно се поигрува со националните интереси

Двојазичната табла во Чаир, општинскиот комитет на СДСМ одлучи да ја отстрани по само неколку дена.Откако скандалот се откри во јавноста, неколку дена по поставувањето на двојазичната табла на штабот на СДСМ во Чаир истата е отстранета.
 
Фотографија направена денеска
Имено, како што дознаваме, членови на партијата од овој општински комитет изминативе денови почнале да ги враќаат членските книшки, но пресметките на раководството биле дека гласовите на Македонците ќе биле надоместени и натфрлени со гласовите на Албанците.
Одбележувањето на денешниот ден и слабиот одзив на Албанците од Чаир, придонело раководството на СДСМ лицемерно да си поигра со националните интереси и во последен момент да ја отстрани двојазичната табла за да ги привлече Македонците на маршот што го организира Зоран Заев.
 
Фотографија од пред неколку дена
Останува нејасно како на ваквото поигрување од СДСМ ќе реагираат Албанците, но и конкретно Џеват Исени, новиот член на СДСМ кој пред камерите пред неколку дена ја објаснуваше причината зошто се зачленил во оваа партија:
-Горд сум што се зачленив во седиштето на СДСМ, која ќе функционира на двата јазици, за да му кажеме на народот дека албанскиот јазик ќе се употребува и во СДСМ“, изјави Исени за ТВ 21.Откако скандалот се откри во јавноста, неколку дена по поставувањето на двојазичната табла на штабот на СДСМ во Чаир истата е отстранета.
&

Пронајдете не на следниве мрежи: