Фото: Скопјанец најбрз натпреварувач на Илинденскиот маратон во Охрид

Дваесет и тригодишното момче ја исплива маратонската патека со време од 28 минути 15 секунди и 88 стотинки Дваесет и тригодишното момче ја исплива маратонската патека со време од 28 минути 15 секунди и 88 стотинки кој е член на пливачкиот клуб Студент од Скопје. Илиевски на малиот маратон во Охрид се натпреварува по 11 пат.
– Не беше толку лесно. Ова ми е 11-ти пат како ја пливам оваа патека. Додека не наполнив 16 години трипати по ред го освојував маратонот, а ова ми е прва победа во категоријата повозрасни од 16 години. Водата беше одлична, условите беа идеални, имаше малку бранови, но се надмина и тоа- изјави Илиевски, пренесе Нова Македонија.

Втор во категоријата постари пливачи над 16 години беше Стефан Андоноски член на пливачкиот клуб Младост од Скопје, а трет ресенчанецот Константин Паргов.
Во категоријата жени Теа Калајлиева го освои златниот медал, а средбрениот замина кај Марија Јаневска. Победници во втората група во која пливаа натпреварувачи до 16 години се Михаил Трпчески, втор беше Никола Василевски а трет Мартин Тодороски.
Стефан Стефанулески (19), од Битола беше најмладиот учесник на Илинденскиот пливачки маратон, а наградата за неговата храброст и упорност да исплива до целта му ја врачи легендата на македонското пливање Александар Маленко. Дваесет и тригодишното момче ја исплива маратонската патека со време од 28 минути 15 секунди и 88 стотинки кој е

Пронајдете не на следниве мрежи: