Фото: Сопругата на Шумахер ја донела амајлија која му го спасила животот

Сопругата на Шумахер –Корина донела во болница керамичка амајлија која му го спасила животот во 1991 година на познатата трка во Силверстон!Керамичката амајлија на која се изгравирани иницијалите на сите членови на семејството, Корина му ја подарила во 1995 година, а познатиот возач ја носел со себе на сите трки…
Славниот Шумахер ја носел амајлијата на познатата трка во која удри во ѕид со брзина од 107 километри на час. Возачот не би преживел но за среќа на местото на несреќата се нашол докторот Сидни Воткинс-кој го запрел крварењето и Шумахер за неколку седмици оздраве.
За тоа колку му значела таа амајлија кажува и неговата изјава во 2004- амајлијата според него му помогнала да победи.

 
„Непосредно пред трката забележав дека ја заборавив во хотелот. Некој отиде до таму и ми ја донесе. Тоа можеби и беше одлучувачки за оваа трка и причината за мојата победа“-изјавил Шумахер.
Членовите на семејството ја предале снимката од неговата кацига и камера која ја носел, а воедно ги замолиле медиумите да не изнесуваат непроверени информации.. Керамичката амајлија на која се изгравирани иницијалите на сите членови на семејството, Корина му ја подарила во 1995

Пронајдете не на следниве мрежи: