Учениците од ООУ „Климент Охридски“ наставата по физичко образование ќе можат да ја следат во подобрени услови. Според директорот на училиштето Ахил Јаков спортската сала е срце и душа на едно училиште и токму од реконструираната спортска сала ќе произлезат многу спортски таленти.Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека од неодамна со средства од Општина Прилеп во висина од четиристотини илјади денари извршена е комплетна промена на подот и на вратите во оваа спортската сала. Исто така спортската сала во ова основно училиште е обезбедена и со спортски реквизити во вредност од сто илјади денари со кои е олеснето изведувањето на наставната програма.
„Денеска сме присутни на отворениот ден во ООУ „Климент Охридски“ каде на гости се присутни најмалите т.е идните првачиња кои ќе се запознаат со условите за работа во ова училиште. Салата е навистина прекрасна и има одлични услови за работа како и самото училиште“, истакна градоначалникот Ристески.
Општина Прилеп и понатаму ќе работи на подобрување на условите за поефикасно изведување на наставата во ООУ „Климент Охридски“.
Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека од неодамна со средства од Општина Прилеп во висина од четиристотини илјади денари извршена е комплетна