Се појави основата на новата античка колонада со име “Независна Македонија” која е дел од проектот “Скопје 2014″ и ќе се гради на левиот брег од реката Вардар.
Станува збор за изградба на амфитеатар со античка колонада.
Како дел од градбата ќе се постават девет скулптури музи и два лава за кои општината исто така го објави договорот.
Лиењето во бронза на деветте скулптури и на лавовите ќе го изврши РЖ-Институт. Вредноста на договорот за лиење на овие скулптури е 412 илјади евра.
Автори на скулптурите на деветте музи се Жарко Башевски, Беди Ибрахим, Богоја Ангелкоски, а автор на скулптурата лав е Мирослав Славковиќ.
Извор: mkd-news.com
Пронајдете не на следниве мрежи: