Фото: СТРАШНО НЕВРЕМЕ ја зафати Австралија, 40 лица повредени

Најмалку 39 лица се повредени во супер бурата, која го погоди третиот по големина австралиски град Бризбејн.Премиерот на сојузната држава Квинсленд, Кембл Њуман изјави дека на сите ранети им била пружена медицинска помош и оти тие не се во животна опасност.
Брзината на ветерот вчера попладне во градот достигна 140 километри на час, а самиот центар на градот беше погоден од големи парчиња град, поради што локалното Собрание ја прекина работата.
Голем број улици се поплавени, поради што е парализиран градскиот сообраќај.

Силниот ветер корнеше покриви на згради, а изутринава во расчистување на улиците учествуваа градските служби и припадници на армијата.
Поради соборените дрва и стотици оштетени далноводи без струја вчера останаа 90 илјади домаќинства, а изутринава без струја се 68 илјади домаќинства.

Според првичните проценки штетите од бурата достигнуваат над сто милиони долари.
Според метеоролозите ова е најсериозната бура во градот во изминатите 20 години.Премиерот на сојузната држава Квинсленд, Кембл Њуман изјави дека на сите ранети им била пружена медицинска помош и оти тие не се во животна опаснос

Пронајдете не на следниве мрежи: