Овој мачор со брзина на светлината стана главна приказна кога се во прашање несекојдневните мачки. Погледнете и зошто.
Сем е мачор кој полека, но сигурно ја гради својата „кариера“ на Инстаграм, а она што го издвојува од другите мачки е тоа што неволно со „изразот“ на лицето открива силна емоција. Сем изгледа навистинa тажно, а за тоа се заслужни црните шари на неговите бели влакна кои изгледаат точно како „тажни“ веѓи.
За Сем се уште не се знае многу, но само е прашање на време кога ќе стане вистинска медиумска ѕвезда. Засега тоа е само на Инстаграм каде можете да го пратите неговиот профил „samhaseyebrows“ и добро да се забавувате гледајќи го во разни ситуации.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Овој мачор со брзина на светлината стана главна приказна